„Не смее да се заборави дека оваа Влада вети пет илјади денари линеарно зголемување на пензиите, испорача седум илјади. Сè уште треба да се работи, меѓутоа е многу подобро од она кое било претходно и биле зголемувани пензиите од 300,400 или 500 денари“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во „Претрес со Ландов“.
Тој посочи дека веќе се испорачани средства за општините, за што кажа дека беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.
„250 милиони евра по година кон општините, за две години веќе се испорачани 500 милиони евра по општините. Веќе ги подготвуваат проектите за следниот повик на Владата и ќе имаме уште пари за реализација на уште локални проекти, со коишто верувам ќе подобриме живот на многу голем број на граѓани“, истакна Петрушевски и додаде:
„Лидери сме во Реформската агенда, од сите земји во регионот и имаме најмногу средства коишто се испорачуваат, по однос на реформите што сме ги спровеле. И инфраструктурата, шест автопати коишто се градат во моментот и многу други патишта има“.
