Прес-конференцијата ја пренесуваме во продолжение:
ДЗР во Ревизија за 2023 година, на министерството за финансии и буџетските трошења констатира низа нерегуларности.
Власта на СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошела народните пари.
Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин.
Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ – функции на државата во службено гласило.
Што криеле СДС и ДУИ?
Со СДС и ДУИ јавните финансии се управувани недомаќински и неодговорно.
Граѓаните не знаеле каде одат нивните пари. 7 години се трошени цели буџети, а ништо не е мрднато од мртва точка.
Неспособноста заврши со СДС и ДУИ. Следува економска трансформација на Македонија.