„Денеска повторно во Општина Ранковце ги посетуваме населените места Псача, Петралица и Гиновци. Разговараме со граѓаните и токму тука во селото Псача се отсликува целата неспособност на СДСМ. Успеале проект од 30 милиони денари тотално да го упропастат. Требало да се спроведе водовод за целото село меѓутоа и до ден денеска вода низ чешмите не тече затоа што е тотално неквалитетно направен проектот“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека тоа е синоним за СДСМ, односно неспособност која се отсликува на локално меѓутоа и на централно ниво.
„ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните секојдневно разговара и преку својот претседател повикува на национално обединување. Стоиме на располагање за една лидерска средба на која заедно сите ќе ги дефинираме македонските национални интереси за да еднаш конечно оваа држава Република Македонија почнува да ги решава проблемите на сите граѓани и конечно Република Македонија да се исправи на вистинскиот пат кон економски раст и развој“, рече Петрушевски.