Европскиот процес како врвен приоритет

Во текот на денешната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, зборуваше за европските интеграции и за активностите на Владата во насока на нивно унапредување. Тој нагласи дека евроинтеграциите се еден од врвните приоритети на Владата, што се потврдува и со денешниот брифинг, каде беа презентирани сегашните постигнувања и идните чекори.

Петрушевски истакна дека претходната влада на СДС и ДУИ го закочила овој процес со прифаќање на, како што нагласи, апсурден француски предлог.

„Претходната влада на СДСМ ДУИ го закочија овој процес прифаќајќи еден апсурден француски предлог којшто ни ги закочи преговорите,“ рече тој.

Надминување на блокадата со национално достоинство

Пратеникот додаде дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на надминување на пречките кои биле оставени од претходната влада. Петрушевски нагласи дека клучно е процесот да се води со национално достоинство и заштитен идентитет, за да се обезбеди нормален и предвидлив напредок кон Европската унија.

„Она коешто ние го работиме е да најдеме начин да го надминеме тој процес. Да ја надмине таа блокада во којашто ја затекнавме од претходната влада, да најдеме начин како со национално достоинство, заштитен идентитет и гордост да ги надминеме тие пречки и нормално преку Копенхашките критериуми да ја донесеме Европа тука и да имаме еден нормален, предвидлив процес на евроинтеграција, како што го имала впрочем секоја држава којашто претходно пристапувала,“ рече Петрушевски.