-Имаше доста согласувања за тоа што сакаме да видиме од талибанците, особено за почитувањето на правата на жените и девојчињата, борбата против тероризмот и наркотиците, изјави дипломатката по состанокот на министрите на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Таа додаде дека мисли дека никој, вклучувајќи ја и Кина, не е задоволен од составот на привремената авганистанска Влада на талибанците, по нивното доаѓање на власт во средината на август.
Лондон, кој го свика состанокот, соопшти дека е за „единствен став во дијалогот со талибанците“.
-Големите сили го сакаат Авганистан во мир и стабилност, каде што хуманитарната помош може да се дистрибуира без проблеми и без дискриминација, рече по состанокот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Повеќето светски влади се уште не ја признаа владата назначена од талибанците и бараат новите владетели на Авганистан прво да исполнат повеќе услови, вклучувајќи почитување на правата на жените и ветување дека на Авганистанците кои тоа го сакаат да можат да ја напуштат земјата.