Петти ден ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш. 5 дена ДКСК се обидува да го преземе товарот на аферата Тајни имоти на себе, и да ги аболицира 123 функционери од власта. 5 дена наместо постапки се измслуваат изговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-И додека ДКСК се обидува да ги амнестира, дел од функционерите опфатени во аферата Тајни имоти како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не поднеле анкетен лист.
Ковачевски наместо да постапи како одговорен политичар и да почне да разрешува, тој ги штити функционерите. Дали тоа го прави затоа што можеби и тој крие имот пд аферата Броило?
Ковачевски со секој поминат дека како ги штити функционерите кои криеле имот покажува дека е дел од нив.
Аферата Тајни имоти докажува дека институциите со СДС на чело не си ја работат работата, и дека воопшто нема одговорност кога станува збор за функционери на власта, додаваат од партијата.