Иран нема да попушти под притисокот на светските сили, изјави претседателот Масуд Пезешкијан во говор емитуван на државната телевизија, нагласувајќи дека Техеран ќе остане на своите позиции и покрај меѓународните притисоци.
„Светските сили нè принудуваат да попуштиме… но ние нема да попуштиме, и покрај сите проблеми што ни ги создаваат“, рече Пезешкијан во говорот емитуван во живо на Иранската државна телевизија.
Тој додаде дека иранската Влада се договорила дека дури и ако сите светски сили му се спротивстават на Иран за да се предаде, Техеран нема да се повлече од своите позиции.
