Четириесет и петгодишен жител на Струга е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај селото Калишта.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, незгодата се случила на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал патничко возило „тојота“ со струшки регистарски таблички.

При извршениот увид, полициските службеници утврдиле дека возачот имал 2,56 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, возилото му било одземено, а по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.