Судир меѓу „форд“ и службена „шкода“ на МВР

Сообраќајна несреќа се случила во скопското село Батинци, во која учествувале патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „шкода“, сопственост на Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен на 11 март 2026 година околу 21:05 часот во СВР Скопје.

Според информациите од полицијата, возилото „форд“ го управувал А.Н. (41) од Скопје, додека службеното возило „шкода“, кое е сопственост на МВР, го управувал И.М. (34) од Скопје.

„Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца негови сопатници од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, по што кај возачот А.Н. се измерени 0,91 промили алкохол во крвта и по насока од јавен обвинител тој е приведен во полициска станица“, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, како што посочуваат од полицијата, ќе следува соодветна пријава.