Пијан возач „влетал“ во кафеана на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Очевидци на настанот велат дека ова е четврти пат како пијани возачи „влетуваат“ во оваа кафеана на влезот во градот.
– За жал често се случува поради пијанство да сме сведоци на немил настан. Кафеаната е на самиот влез на градот и возачите наместо да возат внимателно, во доцните вечерни часови го прават спротивното, а резултат е уништување на кафеаната кое се случува по четврти пат, велат очевидци.
Настанот кој се случил рано утринава го потврдија од полицијата, од каде информираа дека кај возачот е регистрирано недозволена количина алкохол во крвта, но за среќа не се регистрирани повредени лица.
Против возачот покрај првичната парична казна, најавен е соодветен поднесок за причинување материјална штета.