Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.
Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.Н.(29) и Х.И.(20), двајцата од Скопје, Н.Н.(20) од Кавадарци и Р.Т.(20) од Куманово. Додека пак, 56-годишната Љ.Ф. од Скопје управувала возило под дејство на алкохол и предизвикала две сообраќајни незгоди.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, велат од МВР.
