Најмногу нови случаи беа евидентирани изминатиот вторник дури 86. Неделава се очекува стабилизирање на состојбата, вели директорката на Центарот за јавно здравје од Битола др.Елизабета Крстева. Во текот на вчерашниот ден во Битола беа регистрирани 8 нови случаи на ковид 19, а почина и една лице на 65 годишна возраст.
-Минатата недела мислам дека го поминавме врвот на бранот во Битола кога имавме по 60 и 80 позитивни случаи на Ковид 19 во еден ден. Тоа од една страна се должеше на зголемениот број на тестирања, каде што во две лаборатории се вршеше тестирање, така што можноста да се тестираат погоем број на луѓе тоа донесе да имаме поголем број на позитивни случаи, меѓутоа мислам овие денови тие бројки паѓаат на 30 до 40 позитивни случаи на ковид 19 и дека во текот на оваа недела ќе имаме стабилизирање на состојбата, рече др.Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје- Битола.
Непочитувањето на мерките и нискиот процент на вакцинираност кај младата популација причина за растот на нови позитивни случаи.
-Прво имаше заладување на времето луѓето се затворија дома и веднаш почнаа да растат бројките, тука е училиштето, меѓутоа за среќа во училиштата посебно помалите, основците немавме голем проблем со нив затоа што многу брзо се реагира. Штом се појави едно или две даца позитивни веднаш оди целото одделение на он лајн настава и на тој начин се прекинува тој ланец на ширење. Малку поголем проблемот беше со средношколците. Тие и кога се он лајн повеќе се дружат надвор, претпоставувам и во затворен простор, не носат маски, тоа е основното, непочитување на препораките и невакцинирањето. Кога тоа на некој начин ќе го прифатиме, ќе се вакцинираат онолкав процент на луѓе колку што е потребно барем 70 до 80% од луѓето и секако ќе се стави крај на короната, вели др.Крстева
Зошто се повеќе млади се со тешка клиничка слика и завршуваат на инфективните одделенија во државата?
-Бројот е мал но тоа е тоа, повозрасните сите се вакцинираа, тие остануваат онаа невакцинирана група која сега ја напаѓа вирусот. Од една страна испаѓа дека и тие имаат некој болести кои можеби не во овај момент, но покасно би се манифестирале и затоа навистина треба сите и млади и возрасни да се вакцинираат, рече др.Крстева.
Инаку Битола во овај петти бран е веднаш зад Скопје по бројот на активни случаи во државата. До вчера имавме 621 активен случај, а од почетокот на епидемијата вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во Битола е 8094 лица.