Постојат сомнежи дека првин ја запалил својата куќа и плевна,  а потоа се обидел да запали уште една куќа. Ова се првите обвиненија против 57-годишен маж од Мерово, Тетово.

„57-годишникот од село Мерово синоќа се обидел да запали неколку куќи во ова село. Успеал да запали само една куќа и плевна, бидејќи жителите го запреле да не запали други куќи“, вели репортерот на ТВ21.

Жителите велат дека настанот се случил за време на ифтар, а велат дека осомничениот пред одредено време излегол од затвор.

„Да, пожарникарите го згаснаа пожарот. Се собра цело село“.

„Едната го изгаснаа друштвото, едната изгоре. Не беше добро. Бидејќи остана сам ја изгубил контролата, не знаеше што зборува, ниту што прави“.

По двочасовна интервенција пожарот бил целосно локализиран.

Инаку, СВР Тетово информираше дека вчера е лишен од слобода А.А. од село Мерово под сомнение дека истото лице запалило неколку куќи, а додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.