На 02.08.2023, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ф.(38) и С.Н.(31), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека во плац на бул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје учествувале во физичка пресметка помеѓу две семејства – соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27).
Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.