Во Германија не се исклучува можноста за учество во евентуална безбедносна мисија во Ормускиот теснец, но засега нема конкретни одлуки. Министерот за одбрана Борис Писториус оцени дека е прерано да се говори за ангажман на германските вооружени сили.
– Ништо не исклучуваме, но во моментов нема што да се одлучува – изјави Писториус.
Тој појасни дека евентуалното учество на Германија во меѓународна мисија би дошло предвид дури по воспоставување прекин на огнот или по завршување на војната меѓу САД и Израел против Иран.
Писториус ги отфрли и медиумските шпекулации за можно распоредување германски бродови за минирање од класата „Франкентал“.
– Нема релевантни или значајни движења на ирански миноловци во Ормусиот Теснец – рече тој, додавајќи дека ваквите бродови можат да дејствуваат во кризна зона само со придружба од други воени пловни единици.
