Блокадата на САД врз санкционираните венецуелски танкери за нафта останува „насекаде во светот“, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди „блокирање“ на сите танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела на 16 декември.

Шпанската влада соопшти дека компаниите на земјата што работат во Венецуела, вклучувајќи го и нафтениот гигант Репсол, работат нормално и имаат владина поддршка.

Коментарите дојдоа откако Шпанија предупреди дека нема да ја признае интервенцијата на САД во Венецуела, за која Мадрид вели дека го крши меѓународното право.

Министерот за економија, трговија и компании, Карлос Куерпо, рече дека трговските односи со Венецуела значително се намалиле во последните години, додавајќи дека Шпанија одржува присуство на 60 компании.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарез, рече дека Мадрид е во контакт и со новата влада во Каракас и со опозицијата и дека минатата недела разговарал со лидерот на опозицијата Едмундо Гонзалез Урутија.

САД го запленија денеска танкерот „Маринера“, што плови под руско знаме и наводно носи венецуелска нафта.

„Запленет е во северниот Атлантик врз основа на потерница издадена од американскиот федерален суд, откако бил следен од американската контролна единица „Мунро“, објави американската Европска команда на социјалната мрежа X.

За бродот, порано познат како Бела-1, беше објавено од американска страна дека наводно крши санкции на САД и превоз на иранска и венецуелска нафта, а пловел под руско знаме.