Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад, што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини, на прес-конференција во Владата, а откако регулативата неодамна беше „комплетирана“ во Собранието.

Нуредини рече дека со донесувањето на новите закони се овозможува премин кон циркуларна екомонија, како еден од стандардите на европската економија, а во насока на намалување на негатвните ефекти на животната средина.

-Со новата регулатива, се овозможува отворање на повеќе нови работни места и точно се регулираат обврските и одговорноста на сите чинители во овој процес, како локалната самоуправа, производителите на отпад, граѓаните, економските субјекти, а по пронципот ’загадувачот плаќа’. Забраната за употреба на пластични кеси за носење производи ќе стапи на сила од 1 декември. Дозволена е само продажба на биоразградливи кеси кои не смеат да бидат ќе бидат екстра лесни и за кои се плаќа надоместок од 15 денари кој во поголем дел ќе оди во фонд за заштита на животната средина. Од 1 декември се забранува и еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти, за почеток, во заштитените подрачја, истакна Нуредини.

Заев рече дека со новата регулатива се создава функционален систем за управување со отпад, во чија подготовката учествувале меѓународни и локални експерти.

-На овој начин се европеизира нашата регулатива за управување со отпад. С Македонија веќе го чекори патот кон поодржлив пристап во оваа област и се имплементира Националниот план за управување со отпад 2021-2031 година. Новата регулатива ќе придонесе за економски развој, за подобра животна средина и поголема здравствена заштита на населението. Се регулираат начините на транспорт, собирање, третман, рециклирање на отпад и се отвора простор за конечно расчистување со нелегалното собирање отпад кој создава диви депонии, вели Заев.