Управата за јавни приходи по сумирани податоци од обработката на ДДВ пријавите за месец јуни и за кварталот јуни-април, известува дека ДДВ долг пријавиле:
Ø за месец јуни – 4,030 месечни даночни обврзници во вкупен износ од 3,168,673,344 ден.
Ø за кварталот април-јуни – 16.534 тримесечни даночни обврзници во вкупен износ од 1,982,960,788 ден.
Благодарност до сите даночни обврзници кои во законскиот рок 25 јули ја платија даночната обврска. Ги повикуваме останатите 1,277 месечни обврзници, кои имаат долг од 817,061,527 денари, и 7,661 тримесечни обврзници, кои не го платиле својот ДДВ долг во износ од 967,855,467 денари, тоа да го сторат веднаш.
Управата за јавни приходи по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот согласно законските надлежности.
За секој ден задоцнето плаќање се пресметува камата од 0,03% од преостанатиот долг.