На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент.

Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска – рече Пленковиќ на почетокот на седницата.

Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица, рече тој.

На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро куна, за 50, 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата.

Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр.

Гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, ќе им додели награди на авторите на најуспешните решенија за дизајн на хрватските евро-монети.

За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата што ги издала и на задната страна ги покажуваат националните симболи на таа земја.