Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по престојот на граничниот премин Брегана, испија кафе во ресторан во центарот на Загреб, кое домаќинот првпат го плати со евра.
– Ова е мое прво плаќање со евра, изјави Пленковиќ. Додека Пленковиќ плаќаше Фон Дер Лајен му аплаудираше.
Хрватска од денеска и официјално е членка на Шенген зоната и на еврозоната.
Пленковиќ и Урсула фон дер Лајен денеска, по повод влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната, ќе го посетат и хрватско-словенечкиот граничен пункт Брегана.
На границата треба да ги пречека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.