По 20 дена, почна отстранувањето на барикадите поставени од етничките Срби на северот на Косово.

Според информациите, прво била остранета барикадата која беше поставена на два километри од граничниот премин Мердаре, а сега и останатите.

И покрај тоа, тензијата е уште висока, истакна претставникот на ЕУ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.