Слетувањето го изврши американската приватна компанија – „Intuitive Machines“ со седиште во Тексас. „Одисеј“ како што се нарекува вселенскиот модул, слетал во кратерот Малаперт А, кој се наоѓа во близина на јужниот пол на Месечината, и по неколку минути почнал да пренесува сигнали.

„Ројтерс“ забележува дека дизајнот на „Одисеја“ не е наменет за пренос на видео во живо.

Приватната компанија која е сопственик на Одисеј има договор со НАСА да стави шест сонди во орбитата за проучување на површината на Месечината.

Модулот „Одисеја“ беше лансиран еден месец откако уште едно американско летало – „Перигрин“ на компанијата „Астроботик“ не успеа да слета на Месечината.