После прекин од седум часа, сообраќајот на превојот Плетвар е пуштен по 14 часот, соопштија од Центарот за управување со кризи. Утрово возила останаа „заробени“ на овој патен правец поради поплави и одрони. Најдрамтично беше на клучката кај мотелот Дреново, каде што се излеа Реачка река.
„Водите на Раечка река с еповлека во речното корито, а екити на ЈП за оджување и заштита на магистрални и регионални патишта ги отстранија наносите од земја, камења и сл. на патот. Сообраќајот на патниот правец Градско Прилеп е пуштен во двата правци“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Врнежите од дожд деновиве направија проблеми во неколку области низ земјава. Покрај Плетвар, загрижувачка е состојбата во околината на Крива Паланка поради излевање на Крива Река. И таму екипите се на терен и работат на отстранување на штетите.