Лисичани и Јован Карчовски оп, Златко Марин скок!
Многу ми е драго што некои од моите постови со кои ја критикувам неработата и јавашлукот на градоначаникот Златко Марин наидоа на “разбирање” од страна на градоначалникот и некои проблеми дури и се решија. Да, знам дека сето ова е под пристисок на предизборната кампања, знам дека Марин ја пее својата лебедова песна, но сепак ова покажува дека граѓанскиот притисок може да донесе успех, дури и кај најмрзливите градоначаници. Ова е училиштето Димитар Македонски во Лисиче. Под силен притисок на родителите, ветено им е дека ќе биде пуштено на 1-ви септември. Но даските на кровот стојат така веќе три недели и ништо не се работи. Ајде Марине, стегни заби и доврши им го училиштето за децата од 1-ви септември да можат да тргнат на училиште. Ајде Марине, обели малку образ на крајот. А од октомври ќе има и нови училишта, и нови градинки, и нема да има кафеани во училишните дворови. Ќе има поубав Аеродром и Лисиче, напиша Карчовски

По неговиот апел, родителите на учениците од основното училиште ,,Димитар Македонски” во скопската населба Лисиче вчера излегоа на мирен протест и го изразија своето незадоволство од тоа што учениците не можат да почнат настава со физичко присуство како и сите други основни и средни училишта.

Причината за тоа што учениците немаат физичка настава е тоа што училиштето се гради четири години, но сеуште не е завршен.