Четири дена по бегството на осомничениот наркодилер, Александар Лазаров – Цуната преку прозорецот на полициската станица во Кочани, тој синоќа е уапсен во Скопје. Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата.

Претходно, по 41-но годишникот беше распишана централна и меѓународна потерница, откако тој успеа да побегне од полициската станица, каде бил на распит за неовластено производство, преработка и продажба на дрога.

Бегството на Цуната траеше до синоќа, кога повторно падна во раце на полицијата.