Започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во населбата Ченто во општина Гази Баба. Градоначалникот на општината, Бобан Стефковски заедно со премиерот Мицкоски и минситрите Љутков и Перински присуствуваа на отворањето.

Денес заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министрите Зоран Љутков и Златко Перински започнуваме градежни работи започнуваме реконструкција на „11 Октомври“ во населбата Ченто. Повеќе од четири децении ова беше најцрното место во општина Гази Баба каде се вршеа и девијантни појави. За помалку од 18 месеци ќе прерасне во центар за култура во Општина Гази Баба. Градиме енергетско ефикасен модерен објект и комплетно инклузивен. Ќе се простира на површина од 1000 метри квадартни, вели градоначалникот Стефковски.

Стефковски најави дека Денот на кулурата ќе го сочинуваат повеќе простории. Ќе биде на три нивоа, а ќе има галерија, фоаје, гардеорби, сцени, гледалиште за 180 гледачи, помошни простории, лифт за лица со посебни потреби.

Вкупната инвестиција на проект е 84 милиони денари. Средствата се обезбедени преку повикот на владата за поддршка на општините. Градоначалникот Стефковски се заблегодари на премиерот Мицкоски и на министрите Перински и Љутков.