Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија.

На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија што започнала на ТикТок.

Образложението на владата беше дека тоа е „поради содржината што ја објавува и која поттикнува насилство и малтретирање, особено меѓу децата”.

Убиството на 14-годишниот Мартин Цани, во ноември 2023 година, го потресе албанското општество и предизвика загриженост кај граѓаните за навредите што се шират преку социјалните мрежи.

Како што изјави тогаш, тогашната министерка за образование, Огерта Манастрилиу, властите одржале 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои „препорачaа и поддржаа затворање или ограничување на платформата ТикТок“.

Според неа, децата ја претставувале најголемата група корисници на ТикТок во Албанија.