Мицкоски со вчерашната прес-конференција со нови податоци од манипулацијата на лекови против канцер. Оттука, се прошири скандалот со „случајот онкологија“, а со реакција се јавија од владејачката СДСМ кои велат дека демантирани се лагите на Мицкоски.

„Лагите на Мицкоски, кои ја вознемируваат јавноста, претставуваат обид за упад и ја загрозуваат истрагата за Онкологија.

Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата.

После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување’“, се истакнува во реакцијата на СДСМ.

Вчера, Мицкоски извлече три заклучоци од документацијата за овој случај. Имено, тој кажа за извештај од ФЗО од вонредна финансиска контрола извршена на Клиниката за Радиологија и Онкологија која опфаќа јавни набавки во периодот од 1 август 2021-1 август 2023.

Според договорите, снабдувачите се обврзани да ги достават лековите за 5 до 10 дена, но иако имало доцнења, не е испратено никакво писмо од одговорните лица ниту пак било направено нешто за надминување на тоа, вели Мицкоски.

Вториот заклучок, според Мицкоски е дека во болничките одделенија, во дневните амбуланти, медицинскиот персонал го регистрира и другиот дел од пакетите дека му е даден на соодветен пациент и на некој друг пациент, за да се заштеди вишокот од лекот, но притоа нема никаква писмена белешка, внатрешна книга за тоа дали е фрлен вишокот или кому му е дадено да го користи лекот од шишето.

Третиот заклучок, продолжува Мицкоски, е набавката на лекови. Иако на 31 март биле во магацините, во вредност од една ипол милијарда денари, и подготвени за апликација на пациентите, според Мицкоски, тоа не ги спречило властите на 27 февруари да објават јавна набавка со која уште еднаш ќе ги бараат овие лекови, рамковни договори со набавувачот, што според Мицкоски и одговарало на власта, да склучат договор на 8 мај во вредност од 516,6 милиони денари без ДДВ.

Неказнивоста на грозоморен криминал се креира ново криминално грозоморие, а тоа е пасивност на институциите. Како едно од прашањата кои се отвораат поврзани со овој криминал е и дали имаат поврзаност измените на Кривичниот законик со случајот Онкологија. За ова говореше и пратеникот Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој меѓудругото додаде дека граѓаните се исплашени и разочарани, и дека не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува во Онкологија.

-Повторно прашувам, дали има поврзаност КЗ, дали има поврзаност некој да се штити себеси и дали овде има „канцер мафија“, за жал како што кажа и претседателот денеска гледаме диво месо, гледаме разочарани граѓани, не вреуваат и да одат кој оние чесни и искрени доктори, кои навистина се трудатд да препишат најдобра терапија и слично, бидејќи нема разршница на ова што се случува, дециден е Мисајловски.