По утринската магла, денеска не очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а максималните температури ќе се движат меѓу 18 и 23 степени Целзиусови. Минималните утрински температури ќе бидат од -1 до 7 степени.
Времето во Скопје
Во главниот град претпладне во делови од котлината ќе има слаба магла, но преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер, минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен Целзиусов.
Најава за промена на времето
Од УХМР најавуваат дека утре попладне, во текот на ноќта и во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на поединечни места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе се намалат за неколку степени.
Од среда повторно се очекува стабилно и суво време, со пораст на температурите и повеќе сончеви периоди низ целата земја.
