Претходно, дописникот на МИА од Софија јави дека возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, не е македонски државјанин.
Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал бил со црногорски регистарски таблички.
Сообраќајната несреќа во која учествуваа два камиона се случи утрово околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на 161-от километар на автопатот Тракија на коловозната лента во правец кон Софија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора. До несреќата дошло кога едниот камион удрил во другиот, што стоел на крајната коловозна лента. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвиваше само на една коловозна лента и се формираше колона возила во должина од околу пет километри.
Бугарскиот медиуми првично јавија дека во несреќата учествувале турски и бугарски камион и дека загинатиот бил возач на возилото со турски регистарски таблички. ТВ21, пак, повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи, јави дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблички.