Криза за леб во најава во Македонија.

По нивниот денешен состанок, производителите на леб излегоа со соопштение дека донеле одлука за престанок на производството и испораката на леб во моментот кога најавената мерка од министерството за финансии, за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, ќе стапи во сила.

-Денеска се донесе одлука, едногласно и заедно со другите Комори кои присуствуваа на состанокот, дека дента, кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во Службен весник, од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот, рече Горан Малишиќ, претседател на групацијата за мелничко-пекарската индустрија.