Мирен протест на косовските Срби во Северна Митровица за да се сврти вниманието на целиот свет и на меѓународната заедница на нивната лишена положба, по одлуката на Приштина да се укине динарот и еврото да биде единствена легална валута. Ваквата одлука е директна закана за егзистенцијата на голем број Срби во четирите северни општини каде што се мнозинство, и кои зависат од приходите во динари од српските институции.

„Поништувањето на динарот, кој првпат бил кован во 1214 година на подрачјето на Косово и Метохија во Ново брдо, значи откажување на животот за нашиот народ. Одлуката на централната банка на Косово е дискриминаторска, политички мотивирана и директно го загрозува опстанокот на српскиот народ на Косово и Метохија, изјави Драгана Миленковиќ – економски факултет.

„Не се работи само за платите на здравствените работници, туку и за снабдување на болниците со лекови, медицински материјали и храна за пациентите. Во клиничкиот болнички центар, каде што се лекуваат Срби, Албанци, Бошњаци, Роми и Горани има 1.600 вработени“, изјави д-р Драгиша Мишовиќ – клинички болнички центар Северна Митровица.

Извор: МРТ