Пратениците по кратка пауза треба да продолжат со работа по 39. седница. Но, ако се создадат услови, како што рече потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, ќе се вратат на 41. седница на чиј дневен ред, меѓу 60-те точки, се и две интерпелации, на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Во рамки на попладневното продолжение на 41. седница завршија расправите по повеќе предлог-закони во второ читање за кои гласањето ќе биде дополнително закажано.

Пред утврдувањето на дневниот ред на 41. седница, пратениците не ги усвоија предлозите на Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица кои предлагаат по скратена постапка да се донесе законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање пациенти со КОВИД-19 во приватните задравствени установи. Во претпладневниот дел од седницата не беше усвоен и предлогот на група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои предлагаат по скратена постапка да се донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита.