Сити беше ставена во индуцирана кома во осмиот месец од бременоста поради ниските нивоа на кислород, за да може да се роди нејзиното бебе.
Бебето е спасено, но пејачката не доби шанса да го запознае. Нејзиниот сопруг во изјава за медиумите рече дека последен пат разговарал со сопругата преку видео повик и дека солзи ѝ течеле по лицето.
Таа сфати што се обидуваме да ѝ кажеме – рече тој и додаде дека не знае како ќе им ја пренесе оваа вест на своите деца.
Тамошните медиуми претходно пишуваа дека целото семејство било позитивно за ковид-19, и дека биле заразени од лице кое им помагало во домашните работи.