По повеќе од 24 часа тешка борба за живот, во болница во Чешка почина Душко Чифлиганец, потврдија членови на неговото семејство.

Несреќата се случила вчера, околу 16 часот, кога Душко паднал од мост во Чешка. Поради падот, се здобил со сериозни повреди на мозокот и бил итно хоспитализиран.

Лекарите се бореле да му го спасат животот, но и покрај сите обиди, тој подлегнал на повредите. Душко бил ставен во индуцирана кома и приклучен на апарати.

Веднаш по несреќата, семејството заминало за Чешка. Таму, заедно со лекарите, ги разгледувале сите можни опции за лекување и стабилизирање на состојбата.

Душко Чифлиганец е син на познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец. Тој беше дел од раководниот тим на компанијата „Адора“, каде што работеше како генерален менаџер.

Покрај работата во компанијата, Душко беше познат како страстен љубител на мотори и автомобили. Учествувал на бројни натпревари и добивал престижни признанија во брзински мотоциклизам.

Долги години живееше во Дубаи, каде што заврши дел од своето високо образование и професионално се усовршуваше.

Преземено од Скопје1