По првиот круг на локалните избори кои вчера се одржаа во Македонија, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија победи во 21 општина, покажува извештајот на аналитичкиот центар на партијата.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ споредено со листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ е над 50.000 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Според аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ тие освоиле најголем број гласови на советничките листи во вкупно 40 општини.

Според досегашните податоци на Државната изборна комисија, 33 општини добија градоначалници уште во првиот круг. Согласно резултатите дваесет и едно градоначалничко место засега обезбедија ВМРО-ДПМНЕ, 9 СДСМ, а ДУИ три.

Во општина Арачиново од обработени 100 отсто од гласачките ливчиња кандидатот на ДУИ освоил 44,23 отсто од гласовите, а на СДСМ и коалицијата 39,14 отсто, што значи дека ќе има втор круг.

Вториот круг од изборите е на 31 октомври.