Директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски преку Фејсбук статус одговори на реакциите на јавноста за неговиот коментар утрово околу Данела Арсовска. Тој вели дека никаде и никогаш не изразил мизогени и сексистички навреди кон ниедна жена

Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение.

– Никаде и никогаш не сум изразил мизогени и сексистички навреди кон ниедна жена. Ако независната кандидатка некаде се пронашла навредена бидејќи сум прашал дали е независна и сум искоментирал дека потценува интелигенција јавно и се извинувам, бидејќи не сум знаел дека тоа спаѓа во мизогенија и сексизам, напиша Галетановски на Фејсбук.

Никаде и никогаш не сум изразил мизогени и сексистички навреди кон ниедна жена. Ако независната кандидатка некаде се…

Posted by Gjorgi Galetanovski on Понеделник, 30 август 2021