Кристијано Роналдо би можел наскоро да се врати во португалската репрезентација, и покрај објавата дека е суспендиран од Фудбалската федерација на Португалија. Претседателот на федерацијата, Педро Проенса, порача дека во националниот тим сакаат повторно да го видат капитенот.
„Федерацијата, селекторот и фудбалерите се согласни дека го сакаат Кристијано повторно во тимот, а верувам дека повторно ќе биде во тимот“, изјави Проенса.
Тој истакна дека и Роналдо сакал да се врати во репрезентацијата, а самиот фудбалер, според веста, е подготвен повторно да настапува за националниот тим.
Според правилникот за казни, на Роналдо му следува суспензија од еден до шест месеци, како и парична казна од 500 до 1.000 евра.
