Спооред него „не сите приватни субјекти сакаат да разберат како функционира овој процес, во некои случаи дури и одредена општина не го разбрала процесот, или не сака да го разбере, создавајќи конфузија и услови за конфликти“.

Но, додаде Рама „едно е неспорно дека она што е дефинирано како рамка на овој процес ќе се спроведе со или без благонаклонетост“.

-Сакам денес да упатам апел до сите оние субјекти кои немаат регуларна документација и работеа со теоријата на присутниот факт, дека се обврзани да ги напуштат областите што не им припаѓаат со закон и нерегуларно. Се шо ќе биде одземено нема да им се врати, рече Рама.

Посочи дека „плажите им припаѓаат на луѓето, на граѓаните и колку што приватните субјекти се вклучени во процесот на гарантирање на туристичката сезона, тие се исто така нивна одговорност“.

Пред два дена на плажа во Велипоја во кавга за поделба на сопственоста над песочните плажи во вооружен инцидент беа убиени четири а повредени две лица, додека во Дримадa, кај едно од најубавите турустички места, Дерми, запалени беа 60 лежалки и исто толку чадори за сонце.