Мажот со кој живеела во вонбрачна заедница, вчера во изјава за медиумите изрази сомнеж дека таа најверојатно се вратила во куќата кога го видела големиот пожар и можно е да била внатре кога пламените јазици ја зафатиле и куќата. Екипи на МВР заедно со обвинител од вчера се на местото.
Тие се на лице место, но не можат да влчезат во куќата бидејќи е опасно, а и се чека местото да се олади за да може да работат. По увидот ќе се знае дали жената настрадала во пожарот или, пак можеби успеала да побегне и да се спаси.
Од МВР официјални информации за овој настан најавија по завршување на увидот.