По ВМРО-ДПМНЕ и Беса најавува блокада на македонското Собрание.

И партијата предводена од Билал Касами најавува опозициска блокада на парламентот откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека преку филибастеринг и амандмани ќе ја закочат работата на Собранието за да издејствуваат предвремени парламентарни избори.

Од Беса велат дека ќе се користат сите можни механизми за да предизвикаат што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.

-Ставот на Беса е многу јасен и го повторуваме неколку месеци. Легитимитетот на Владата е спорен бидејќи мнозинството е направено преку уценувани пратеници и политички партии кои преку ноќ од критичари на власта станаа дел од Владата. Ваквиот состав на Владата рефлектира и лошо управување со сите институции, затоа е многу битно ден побрзо да имаме парламентарни избори, легитимнитетот да се врати на граѓаните и тие да одлучат за тоа кој треба да ги претставува, порача Елмедин Мемиши, портпарол на Беса, за „Слободен печат“.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори.