Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба се скопските општини кои веќе во првиот круг од локалните избори добија старо-нови градоначалници. Втор мандат за да ги водат општините добија Дарко Костовски, Александар Стојкоски, Бобан Стефковски – сите од ВМРО ДПМНЕ.

Дарко Костовски останува градоначалник на Бутел.

Стојкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, е старо-новиот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров. Тој ја објави победата на својот фејсбук профил. Со срце за Ѓорче Петров, ви благодарам! – порача тој.

„Народе мој, прогласувам победа во првиот изборен круг! Ви благодарам на довербата, никогаш нема да ве изневерам!“ – објави вчеравечер Бобан Стефковски, старо-новиот градоначалник на Гази Баба.

Извор: СкопјеИнфо