Единицата на артилерискиот баталјон на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје ќе изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на 1 плотун од 6 артилериски орудија во 18 часот и почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија во 19 часот.
Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември.