Во касарната „Илинден“ утре ќе се реализираат пробна и свечена артилериска стрелба по повод 8 Септември

Во рамки на одбележувањето на Денот на независноста, утре во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба. Според информациите од Генералштабот на Армијата, активностите започнуваат со пробна стрелба во 18 часот, при што ќе биде истрелан еден плотун од шест артилериски орудија.

Во 19 часот следува свечената почесна артилериска стрелба, со истрелување на 10 плотуни од ист број артилериски орудија.

„Почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници и се спроведува во склоп на активностите поврзани со Денот на независноста – 8 Септември“, соопштија од Генералштабот на Армијата.