Агим Јонуз почина по неколкудневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје.
Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија и чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите. Роден и пораснат во скопски Чаир, се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.
Во последната година од неговиот живот, Јонуз беше ангажиран во Радио Лидер.
Редакцијата на Радио Лидер изразува искрено сочуство до семејството на Јонуз.
