На 83-годишна возраст почина театарската, филмска и телевизиска актерка Ратка Радмановиќ.

Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри, особено во Битолскиот народен театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот.

Се прослави како веќе пензионирана актерка со впечатливите улоги во филмовите на Милчо Манчевски „Сенки“, „Мајки“ и „Врба“, „Пред дождот“, „Прашина“ и „Кајмак“, како и во „Преку езерото“ на Антонио Митриќески, „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, „Џипски меџик“ и „До балчак“ на Столе Попов, „Големата вода“ на Иво Трајков, „Година на мајмунот“ на Блажевски, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Кога денот немаше име“ на Теона Митевска.