Во грчкиот град Арта, 37-годишен маж се товари за убиство од небрежност откако повеќе од 5 часа го заборавил петмесечносто бебе во автомобилот, кое подоцна било пронајдено мртво.
Грчките медиуми повикувајќи се на полициски извори објавија дека таткото требало да го однесе бебето во градинка, но го заборавил на задното седиште од автомобилот.
Наводно, кога мајката отишла да го земе детето од градинка, ја известиле дека воопшто не било ниту донесено.
Контактирала со сопругот, па било откриено дека бебето останало во само во автомобилот. Го пренеле во болница, но било предоцна, лекарите констатирале смрт.
Родителите на бебето се хоспитализирани во лоша психичка состојба, а обвинителот покренал обвинение за убиство од небрежност.