Почина два месечно бебе од струшко Велешта. Вчера претпладне во 10 часот женско бебе без знаци на живот било однесено во струшката болница. Педијатрите по направени обиди за реанимација, констатирале смрт и случајот го пријавиле во полиција.

Засега не се познати причините, ниту под кои околности настапила смртта.

Увид на лице место извршиле екипи на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција.