Една млада жена им подлегна на повредите здобиени во денешниот вооружен напад на Универзитетот во Хајделберг, додека уште три други лица се повредени, се најновите податоци на германските безбедносни извори, кои прецизираат дека напаѓачот си го одзел животот

Полицијата првично јави дека четири лица се повредени во денешниот напад. Нападот го извршил маж, кој подоцна извршил самоубиство, изјави извор цитиран од ДПА.

-Млада жена почина во болница од здобиените прострелни рани, изјави попладнево извор од германските безбедносни сили за француските медиуми.

Нападот на најстариот универзитет во Германија беше извршен во амфитеатар и полицијата верува дека напаѓачот дејствувал сам.

-Веруваме дека имало само еден сторител. Сега не гледаме опасност за јавноста, соопшти полицијата еден час по првичната пријава за настанот.

Според весникот „Билд“, напаѓачот бил студент и откако повредил неколку лица, го свртел оружјето кон себе.

Неговиот идентитет не е објавен, а истражителите велат дека тој немал верски или политички мотиви.