Сообраќајна несреќа вечерва се случи на улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената општина, објави 360 степени.мк

Очевидци за „360 степени“ раскажуваат дека сообраќајката се случила кај општинската зграда и во неа автомобил удрил во пешак кој, според информациите од терен, загинал на самото место.

Полициски екипи сè уште се наоѓаат на терен и прават увид на местото на несреќата. На местото на несреќата има и екипа на Итната медицинска помош.

Од МВР велат дека во полиција е пријавено дека автомобил „ауди“ удрил во пешак кој починал нагласувајќи дека ова се првични информации според пријавата што е пристигната, како и дека нивни екипи веќе се на терен. По извршениот увид, се очекуваат и повеќе информации за околностите во кои се случила сообраќајката.